ТФТ се враќа со „празни раце“ – втор пораз во Бугарија

ТФТ Скопје се враќа во Македонија по мини-турнејата во Бугарија, каде одигра две средби во три дена и забележа два порази. По првиот од Берое, денеска следуваше и вториот, сега од Академик Бултекс со 80:75.

Македонскиот тим започна добро во 1/4 кога ја доби со 14:16, но имаше негатива од 2 поени на полувреме со 36:34. Во вториот дел, имавме нешто повеќе поени, но за жал во корист на домаќинот, кој по 5 одиграни рунди е лидер на табелата со максимален учинок. Најефикасен во ТФТ беше Тајрон Харис со 24 поени но и многу блиску до „дабл-дабл“ со 9 асистенции.

Следната рунда за тимот од Тафталиџе ќе биде следната недела и повторно против истиот противник, кога ќе дојде на ист ваков начин да ги одигра натпреварите против македонските претставници.

Сподели

Можеби ќе ве интересира