ФИНАЛЕ НА ЗАПАД: Лејкерс 1 Денвер 0

Првиот натпревар од финалната битка на западната конференција отиде во прилог на Лос Анџелес Лејкерс, со 12 поени разлика, 126:114.

Составот на Френк Вогел го доби натпреварот со одличните две четвртини пред крајот на првото и почетокот на второто полувреме. Во овие 24 минути, направија разлика од 16 поени, која беше недостижна за Денвер.

Ентони Дејвис оствари „дабл-дабл“ учинок. Тој постигна 37 поени, имаше 10 скокови и додаде 4 асистенции. Одличниот Леброн Џејмс го разигруваше тимот со 12 асистенции, па одличен настап забележаа Поуп со 18 и Хауард со 13 поени.

Кај Нагетс, Мареј и Јокиќ беа најефикасни со по 21 постигнат поен, а Портер имаше „дабл-дабл“, 14 поени и 10 скокови.

Следниот меч е на програмата во понеделник наутро, во 01:30.

Сподели

Можеби ќе ве интересира