Џејкоб Вајли – нов просечен натурализиран американски кошаркар

Џејкоб Вајли е новиот американски кошаркар кој ќе игра за македонската репрезентација.

Станува збор за 26 годишен играч кој е висок 2.03 и може да игра највеќе како крилен центар. Има мало НБА искуство бидејќи бил дел од Бруклин на неколку натпревари и во развојниот тим на Нетс. Досега има настапувано во Германија, Австралија а најдобри статистички резултати бележи во грчки Панатинаикос со 9.4 поени и 3.7 скокови во просек. Оваа сезона е дел од Гран Канарија со 9.8 поени и 2.3 скокови по натпревар во шпанската „Ендеса“.

Претходно овие позиции ги покриваа Хендрикс и Витингтон, но без некои неверојатни партии и покажан труд за помош на самата репрезентација. Вајли е ново такво име во тимот на Александар Тодоров кој успешно е регистиран и ќе се бори за влез во дванаесетте најдобри за квалификацискиот турнир во Естонија против домаќинот и Италија.

Кошаркарот е среќен за оваа авантура и најави дека ќе помогне на националниот дрес на Македонија.

„Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, за можноста и за честа која ми е укажана од нивна страна! Јас сум многу благодарен за можноста да помогнам во претставувањето на Македонија заедно со националниот тим. И кога ми беше презентирана идејата да играм за оваа кошаркарска земја, не се двоумев да кажам да. Сакав да учествувам во ова.“

Од селекторот за брзо време се очекува финалниот список за почеток на тренинзите за два дена и првата средба на 28-ми ноември против Италија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира