Џејмс и Дејвис – прва меч-топка за Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс со 102:96 беше поуспешен во четвртиот натпревар од финалната серија со Мајами Хит. Сега се на 3:1, а првата меч-топка за „прстенот“ ќе ја имаат за три дена во петтиот натпревар.

На крилјата на ЛеБрон Џејмс и Ентони Дејвис, популарните „езерџии“ го скршија отпорот на Мајами, кој вечерва беше посилен со Бем Адебајо, но залудно. Џејмс постигна 28 поени, оствари 12 скокови и додаде 8 асистенции па беше на 2 чекори до „трипл-дабл“ учинок. Дејвис беше 3 минути повеќе во игра, но натпреварот го заврши со 22 поени, 8 скокови и само 4 асистенции. Кај „жешките“, очекувано најдобар беше лидерот на екипата, Џими Батлер, со 22 поени, 10 скокови и 9 успешно додадени топки. Веднаш зад него, беше младиот Тајлер Хиро кој игра феноменален плеј-оф, а вечерва постигна 21 поен.

Можеби достапен ќе биде и Горан Драгиќ за следниот меч, но Лејкерси се во голем налет и сакаат работата да ја завршат со 4:1 во серија. Сепак, останува да видиме дали најавуваниот трофеј во чест на Коби Брајант ќе стане реалност, или Мајами ќе направи чудо.

Сподели

Можеби ќе ве интересира