АТЛЕТИКА: Македонија зеде учество на Балканско првенство за сениори

Балканска атлетска федерација во организација со Романска атлетска федерација, го организираше 73-то издание на Балканското првенство за сениори. Настанот се одржа овој викенд на 19-ти и 20-ти, во Клуж-Напока.

На првенството учество зедоа сите држави кои се во таканаречената „Балканска федерација“, односно околу 300 спортисти од 12 земји, и тоа: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ, Романија, Турција, Украина, Ерменија, Молдавија, Косово и Бугарија.

Во тимот на Македонија беа нашите 4 најдобри сениори, односно медалисти од претходното Европско екипно првенство кое се одржа минатата година во Скопје, и тоа: Дрита Ислами од АК „Работнички“ на 400м со пречки, Дарио Ивановски од АК „Делта“ на 1500м и 3000м, Јован Стојоски од АК „Охрид“ на 200м и 400м и Стефан Стефаноски од АК „Охрид“ во фрлање на диск.

Првиот ден, македонските атлетичари ги постигнаа следниве резултати:

Дрита Ислами го освои 5. место на 400м со пречки со време од 1:00.48, Дарио Ивановски го освои 7. место на 1500м со време од 3:53.55, Јован Стојоски на 400м освои 6. место со време од 47.51.

На вториот ден, нашите атлетичари беа малку понеуспешни но со солидни резултати:

Во своите втори дисциплини, Дарио Ивановски на 3000м го освои 6. место со време од 8:22.28 а Јован Стојоски на 200м освои 7. место со време од 21:50. Единствениот наш претставник кој настапи во малку поразлична дисциплина, а тоа е фрлаље на диск беше Стефан Стефановски со резултат од 39.38 за 7. место на натпреварувањето.

Сподели

Можеби ќе ве интересира