БОГАТА СПОРТСКА ПРОГРАМА: Кои други македонски тимови играат денес и каде има директен пренос?

Денеска имаме богата спортска програма која ја овозможуваат нашите македонски претставници и селекции. Покрај историскиот меч на сениорската фудбалска екипа кој започнува од 18:00 часот на МТВ 1, имаме и други настани кои се важни за нас.

15:30 – Македонската женска кошаркарска репрезентација ќе ги одмери силите против составот на Хрватска за пласман на ЕП 2021. Нашиот тим има 2 убедливи порази по 2 одиграни средби, од Германија и Летонија. Реално, немаме шанси за учество на големиот турнир, но за љубителите на женската кошарка на Македонија овозможен е пренос за поддршка: https://youtu.be/NG8oLYsYIRs

17:00 – Екипата на КК Работнички Скопје ја игра својата втора рунда во дебитантскиот настап во АБА Лига 2 против тимот на Подгорица, кој пред два дена го совлада МЗТ Скопје. За Работнички ова ќе биде поправен испит за докажување пред регионалната публика по срамниот пораз од КК Студентски Центар со дури 29 поени разлика. Директен пренос од средбата ќе има на АРЕНА СПОРТ 1.

18:30 – Младинците на Благоја Милевски, фудбалскиот состав до 21 година денеска го игра претпоследниот дуел од квалификациите за ЕП 2021 година. Гостуваме во Тел Авив на мегдан против Израел каде единствена опција е победа и ништо друго, доколку сакаме да останеме во игра до последните моменти. Македонија е со 8 освоени бодови во борбата за 5-те места од вторите најдобро пласирани екипи. Со две победи до крајот, треба да очекуваме и кикс на една од селекциите пред нас, но првин да се вратиме со „цел плен“ од блискиот исток. (НАСКОРО СТРИМ)

21:00 – За крај на ова спортско лудило, МЗТ Скопје игра против Сутјеска од Никшиќ, исто така втора рунда од АБА Лига 2. Во првиот натпревар, „металците“ испуштија водство од 8 разлика и загубија со 74:72 од Подгорица. Директен пренос на АРЕНА СПОРТ 1, како и сите натпревари понатаму.

Сподели

Можеби ќе ве интересира