(ГАЛЕРИЈА) Ултрамаратон број 13 во чест на Тоше Проески

По 13-ти пат, се одржа ултрамаратонот во чест на прерано загинатата музичка легенда.

Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.“ – Тоше Проески

Вчера во 12:00 часот, маратонците го започнаа вториот дел од нивната цел од граничниот премин Табановце до новата спомен куќа, вечното почивалиште на Тоше Проески на Гумење. Поради моменталната ситуација со пандемијата, само на двајца маратонци им било дозволено во Градишка да истрчаат почесни 10 километри. Таму било положено цвеќе и оддадена почит.

Ултрамаратонот се трча штафетно каде секој маратонец има по 10 километри. Оваа година учествуваа: техничкиот организатор Наум Капричевски, Фидан Арсовски, Никола Ѓелов, Тодор Анчев, Виктор Ристов, Дејан Ангеловски, Александар Митрески и Виктор Петковски.

Настанот беше поддржан од Меѓународната фондација Тоше Проески но и од голем број на институции кои не ги затвориле вратите за овие луѓе.

Во продолжение, можете да погледнете неколку моменти од големиот подвиг на спортистите:

Сподели

Можеби ќе ве интересира