Ги видовме слабите страни на БиХ – рутинска победа за Македонија!

Одбојкарската репрезентација на Македонија, рутински со 3:0 славеше против селекцијата на Босна и Херцеговина, во нивниот втор дуел на квалификацискиот турнир во Скопје.

Ги видовме и ги научивме слабите страни на репрезентативците на Босна, па без проблеми го добивме вториот меч во рок од четири денови. Во првиот сет имавме константна позитива од 3 поени, која пред самиот крај се искачи и на солидни +5, за 20:25. Во вториот, нешто потешко, славевме на разлика со 24:26, но тоа само можеше да биде од психолошка корист за самиот крај во третиот дел. Македонија го заклучи мечот со убедливи 25:13.

По три одиграни средби, имаме биланс од 2 победи против БиХ и еден пораз од селекцијата на Турција, со што го освојуваме второто место, и се бориме да бидеме помеѓу петте второпласирани екипи, од вкупно седум. Втората средба со фаворитот во нашата група го играме во сабота од 18:00 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира