Дарио Василевски: Ниту еден друг спорт не ме привлече како велосипедизмот

Дарио Василевски е 16-годишен велосипедист кој оваа година оствари големи резултати. За Спортски Колектив посочи дека ниту еден друг спорт го нема привлечено како адреналинското возење по планинските патеки.

Се занимавам со велосипедизам скоро две години. Во сезоната 2019, бев 3-ти во генерален пласман за планински велосипедизам. Тогаш освоив 3 бронзени и 2 сребрени медали. Оваа сезона беше најуспешна за мене бидејќи се закитив со 3 златни и 2 сребрени медали во категорија на кадети, со што се искачив на првото место на ранг листата. Овие високи резултати ми донесоа и место во јуниорската репрезентација на Македонија.

Василевски е член на кумановскиот Крос Сајклинг клуб, кој бележи голем напредок во овој момент поради големите вложувања и одличната работа на тренерот Емил Цветанов, но и поради другите талентирани членови кои напорно се подготвуваат за секој предизвик.

Сподели

Можеби ќе ве интересира