Дарио Ивановски освои второ место на улична трка, која оваа година има и предзнак „Балканско првенство“

Во Правец, Бугарија, традиционално и оваа година се одржа меѓународна улична трка на 15 минути пред доаѓањето на Новата година, а учество зеде нашиот најдобар атлетичар на средни и долги патеки, Дарио Ивановски.

Ивановски постигна одличен резултат и го освои второто место, пред „златниот медал“ на домаќинот Митко Ценов. Нашиот претставник имаше време од 19 минути и 57 секунди за 7 километри.

Исто така, се натпреваруваше и неговиот тренер, Игор Јакимовски, кој на оваа првенство се пласираше на 6-та позиција.

Сподели

Можеби ќе ве интересира