Квалификации за ЕП: Македонија покажа слаба игра со многу грешки, но стигна до посакуваната победа!

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, ги стартуваше квалификациите за ЕП 2021 со победа од 3:0 против Босна и Херцеговина, на првиот од двата турнири кои ќе бидат организирани во Скопје.

Првиот сет го одигравме на „мускули“, бидејќи играчите на БиХ имаа предност цело време, дури и 15:8. Направија грешка при резултат 23:24 на наш сервис кога спасивме втора сет топка и сетот го добивме со 27:25. Во вториот, бевме многу посигурни и го наметнавме темпото кое ни одговара. Нашата селекција имаше највисоки +6, но резултатот беше 25:21. Во третиот сет, нашите играчи предвреме се опуштија и сметаа дека по 2:0 е се завршено. Босанците имаа водство од 15:17, каде и по тајм-аутот на нашиот тренер, Македонија не успеа да ги смени работите. Сетот отиде на страната на противниците со 23:25. Четвртиот сет го започнавме со позитива од 3 поени, кои ги одржувавме и на моменти имавме и 5 позитива. Крајниот резултат беше 25:19 за 3:1 во сетови.

Најголем број на поени во нашиот состав освои Никола Ѓоргиев, и тоа дури 25. Зад него, Владо Милев постигна 14, а Александар Љафтов имаше 13.

Вториот натпревар на првиот турнир го играме против Турција, во среда од 18:00 часот. Утре, Босна и Херцеговина го игра вториот меч, а прв за турскиот состав. Вториот турнир треба да започне во четврток со вториот натпревар на Македонија и босанските играчи, кои воедно се и аутсајдери во оваа група.

За Македонија беа достапни следниве одбојкари: Андонов, Ангеловски, Деспотовски, Ѓоргиев Н, Ѓоргиев Ѓ, Илиев, Костиќ, Љафтов, Михаилов, Милев, Наков, Николов, Николовски и Савовски, со селекторот Матијашевиќ.

Сподели

Можеби ќе ве интересира