Кратка биографија и целосна програма на новиот претседател на МОК

Вчера на Изборното собрание во хотел „Александар Палас“, Даниел Димевски беше одреден за нов претседател на Македонскиот Олимписки Комитет.

Имаше големи негодувања за избор на Димевски поради неговите претходни ангажмани во Владата и кабинетот на премиерот Зоран Заев, но во неговата биографија се наведува дека не е член на политичка партија ниту досега бил дел.

Неговата противничка, Александра Војнеска Зикова освои само 2, наспроти вкупните 30 на Димевски. Нејзините приврзаници предвреме ја напуштија салата откако видоа дека го немаат мнозинството на гласови.

Во продолжение, можете да ја прочитате неговата кратка биографија но и програма за работа во наредните 4 години.

м-р Даниел Димевски
– Роден на 30.04.1969 год. во Скопје

Образование:

– Дипломирал на Економскиот факултет Св. Кирил и Методиј во Скопје
– Магистрирал на Правниот факултет во Скопје на отсекот за меѓународно право, политика и дипломатија.
– Течно говори, чита и пишува англиски. Се служи со италијански јазик.

Спортска и спортско-менаџерска кариера:

– Претседател на КК Работнички од 1996-2001 (четири пати државен првак на Македонија)
– Претседател на Македонската кошаркарска федерација 2005-2015 (ја превзеде Федерацијата во дивизија Б за веднаш потоа да се пласира во дивизија А и четири пати по ред да обезбеди учество на завршниците од европските првенства вклучително и освојувањето на епското 4-то место во Литванија што е досега највисокиот пласман на една репрезентација од колективните спортови).
– Претседател на Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа 2010-2014 ( го промени форматот од 16 на 24 земји учеснички на ЕП, воведе нов систем на организација на ЕП со повеке земји коорганизатори, додели и организираше 13 ЕП за млади категории во Македонија).
– Беше кандидат за Претседател на ФИБА Европа 2014 год. каде во финалната изборна рунда загуби од сега актуелниот претседател на ФИБА Европа.
– Член на Управниот одбор на МОК од 2012 наваму.
– Поседува титула Програмски директор и е официјален предавач на Напредниот семинар за спортски менаџмент под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет- ИОК, на предметот – Финансиски менаџмент, од 2015 наваму.
– Од 2017-2020, Советник на Премиерот на РСМ за прашања од областа на спортот.
– Автор е и реализатор на Ваучерскиот систем за финансиска подршка на спортот.

Награди и признанија:

– Добитник е на највисокото државно признание – Златен медал (орден) за заслуги за Македонија за промоција на државата во областа на спортот.
– Добитник е на Признанието “ Спортски работник на деценијата“ .
– Четири пати прогласуван за најдобар спортски клуб.
– Два пати прогласен за најдобра национална спортска федерација.
– Добитник е на престижното ФЕР ПЛЕЈ признание од ФИБА Европа за својот учинок во рамките на таа организација.
– Признание за исклучително успешно раководење на Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа како нејзин претседател.
– Доделена титула “Honoris Causa“ за посебни заслуги во развојот и промоцијата на спортот од Факултетот за општествени науки-Скопје.
– Има титула на Почесен граѓанин на градот Темпи во Аризона, САД.

Политички ангажман:

– Не е член ниту досега членувал во ниту една политичка партија.

Семеен статус:

– Оженет, татко на четиири деца.

Програма:

http://d352jxub2ph5gu.cloudfront.net/Upload/648/Documents/Daniel_Programa_2020.pdf

(ФОТО: plusinfo.mk)

Сподели

Можеби ќе ве интересира