Македонска одбојка вечерва на МТВ-3!

Последниот натпревар од третата рунда во македонската Прва одбојкарска лига за мажи во сезона 2020/21, вечерва во директен пренос на МТВ 3, со почеток од 20:25.

Во спортскиот рекреативен центар „Кале“, ОК „Вардар“ ќе го пречека ОК „Универзитет во Тетово“. Натпреварот започнува во 20:30, а овие две екипи се на максимален учинок со по 6:0 сет количник.

Од останатите одиграни средби во третата рунда, ова се постигнатите резултати:

Шкендија 3:0 Весна Пробиштип
УГД Штип 3:0 Дибра Волеј
Џио Струмица 3:0 Јанта Волеј
Борец 3:1 Лирија

Во продолжение, можете да ја погледнете табелата од машкото одбојкарско првенство:

Сподели

Можеби ќе ве интересира