СЛИКА НА ДЕНОТ: Одбојкар носи заштитна маска за време на натпревар


Лукас Сааткамп е можеби единствениот одбојкар во светот кој носи заштитна маска за време на еден натпревар.

Но, не само на овој дуел, играчот на ваков потег се одлучил уште од почетокот на пандемијата па така доаѓа и на долгите и напорни тренинзи.

Најверојатно се прашувате зошто го прави тоа кога никој друг не користи заштитна маска за време на натпревар?

Во неговата официјална изјава рекол, дека тоа е поради безбедноста на неговиот син кој има белодробно заболување и се наоѓа во ризична група на пациенти. Заради тоа, Лукас не сака да го ризикува здравјето на својот син додека заработува како професионален спортист.

Лукас Сааткамп е 34-годишен бразилец кој настапува во својата земја за Таубате Фунвики. Во својата долга и богата репрезентативна кариера, има освоено: 13 златни медали, 8 сребрени и 1 бронзена медала.

Сподели

Можеби ќе ве интересира