Успешни настапи на нашите атлетичари во Белград – срушени неколку рекорди!

Македонските атлетичари денеска имаа успешни настапи на атлетското национално првенство во Белград, кое се одржа во сала.

Највеќе се издвоија Дарио Ивановски, кој го сруши рекордот на 1500 метри, но и Јован Стојоски кој постави ново најдобро време на 400 метри. Ивановски беше најдобар со време од 3:45.46 минути, а Стојоски оствари време од 47.11 секунди, за второ место. Интересно е што македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски е одалечен само 46 стотинки од Нормата за Европското Првенство во сала, кое ќе се одржи од 3-7 март оваа година во Торун, Полска.

Учество зедоа и други наши атлетичари преку своите клубови:

21 место за Бранимир Зенговски на 400 метри (53.80)
5 место за Назар Идризи на 60 метри (7.43)
9 место за Назар Идризи на 200 метри (24.15)
10 место за Матеја Ефремовска – скок во далечина (4.87м)
11 место за Александар Танески – скок во далечина (6.46м)
Игор Јакимовски на 3000 метри (9:56:01)
Милош Ранчиќ на 3000 метри (9:08:90)



Сподели

Можеби ќе ве интересира