ФУТСАЛ: Пораз од БиХ на стартот од квалификациите за ЕП!

Футсал репрезентацијата на Македонија, со пораз од 2:1 против Босна и Херцеговина ги започна квалификациите за Европското Првенство.

Во Зеница, македонската репрезентација загуби од домашната репрезентација, а двата голови за домашната селекција ги постигна Бошковиќ. Босанците водеа со 2:0, а потоа ние преку Петровиќ намаливме на 2:1. Тоа беше и крајниот резултат, иако бевме подобри во второто полувреме со неколку шанси за да изедначиме и да се вратиме со 1 бод во Скопје. 

На 3-ти февруари, селекцијата на Македонија предводена од Васко Скендеровски, ќе го одигра вториот меч од квалификациите. Противник ќе ни биде екипата од Романија на домашен терен. Романија во првото коло одигра нерешено, 2:2 против Србија. 

БИХ: Галиќ, Алаџиќ, Јелиќ, Кахџевиќ, Радминовиќ, Миланковиќ, Сесар, Сесар, Арнаутовиќ, Иванковиќ, Хркаќ, Бошковиќ, Омерховиќ, Петак

Македонија: Петковски, Мицевски, Ранготов, Петровиќ, Дандан, Стојановски, Сулејман, Исмаили, Крстевски, Леовски, Андов, Тодоровски, Арсовски, Сефери

Сподели

Можеби ќе ве интересира