ФУТСАЛ: Скендеровски го објави списокот на играчи за квалификации од ЕП 2022

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски, го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од првиот дел за пласман на Европско првенство.

За пресметката на гостински терен во Зеница, на 28-ми јануари од 18:00 часот и домашната против Романија 3-ти февруари од 19:00 часот, селекторот Скендеровски ќе смета на следните 19 играчи:

ГОЛМАНИ: ПЕТРОВСКИ Антонио (СК Проект Цико), ПЕТРОВСКИ Влатко (Арбен Бајрами), СТОЈАНОВСКИ Иван (Шкупи);

ОДБРАНА: СУЛЕЈМАНИ Реџеп (Шкупи), ИСМАИЛИ Таулант (Арбен Бајрами), ПЕТРОВИЌ Драган (Шкупи), Даниел ДЕ СОУЗА (Славија Прага, Чешка), Џокица Џо АРСОВСКИ (Штутгардер);

НАПАД: КРСТЕВСКИ Иван (СК Проект Цико), ГЛИГОРОВ Александар (Шкупи), ЛЕОВСКИ Игор (Славија Прага, Чешка), МИЦЕВСКИ Адријан (Бетон Бојс, Германија), КОСТАДИНОВ Марјан (СК Проект Цико), РАНГОТОВ Дарко (СК Проект Цико), ТОДОРОВСКИ Мартин (СК Проект Цико), АНДОВ Димче (СК Проект Цико), СЕФЕРИ Еркан (Шкупи), Јакуп РАМАДАНИ (Арбен Бајрами), ЈОВАНОВ Јосиф (СК Проект Цико);

Нашата селекција се наоѓа во групата број 4, заедно со екипите на БиХ, Романија и Србија. Во месец март е планирано да одиграме уште два натпревари: првин во Србија па во Скопје, а во април ја пречекуваме Босна и играме во Романија, во последниот меч.

Имаме 8 квалификациски групи. Учество на ЕП 2022 година обезбедува најдобриот од групата, и 6 најдобро пласирани од втората позиција. Седмата и осмата најдобровторопласирана селекција играат во четврта фаза на квалификации.



Сподели

Можеби ќе ве интересира