Ф1: Синот на Шумахер во болидот на Хас, Мик се одлучи за бројот 47 поради својот татко

Синот на Михаел Шумахер, Мик, во новата сезона од Формула 1 во 2021 година, ќе биде дел од тимот на Хас.

За 21-годишниот Шумахер, ова ќе биде дебитантска сезона во Ф1, откако во Ф2 е на водечките позиции и бележи одлични трки. Својот број го одбра според седумтте титули на својот татко кои ги освои во 2004 година, кога Мик имаше само 5 години. Тој посочи дека овие два броеви генерално му се допаѓаат, но се зафатени моментално. Возачите можат да се одлучат за било кој слободен број од 1 до 99, па Мик се решил за двете бројки заедно.

Инаку, станува збор за американски тим, кој користи мотор на Скудерија Ферари. Тимот на Хас реши да ги бара своите најдобри резултати преку младите таленти, па повика уште еден возач на иста возраст како и Мик. Се работи за Никита Мацепин од Русија, исто така Ф2 возач со деби помеѓу најдобрите.

Сподели

Можеби ќе ве интересира