Шампиони во планински велосипедизам за 2020 – „Крос Сајклинг Куманово“

Велосипедскиот клуб Крос Сајклинг-Куманово (Cross Cycling-Kumanovo) е официјално прогласен за шампион во планински велосипедизам за 2020 година.

За само три години од основањето на клубот, членовите го исполнија сонот на секој професионален спортист и се крунисаа со најдоброто, односно првото место во нивната омилена дисциплина. Претседателот на ВК Крос Сајклинг од Куманово, Емил Цветанов, неуморно ги реализираше идеите за поголем успех. Отворањето на велосипедскиот центар со сигурност помогна во усовршување и создавање на вистински професионалци во овој адреналински, но пред се тежок спорт.

Во клубот можат да членуваат велосипедисти од сите генерации. Дисциплини кои највеќе ги практикуваат се: планинскиот велосипедизам и крос-кантри трките.

Од клубот ги охрабруваат младите да бидат активни, да спортуваат и слободно да ги контактираат на нивната Фејсбук страна и доколу се заинтересирани да бидат дел од нивната екипа. Тие се надеваат дека клубот ќе напредува и расне во иднина, и ќе го достигне нивото на еден од поголемите во државата.

Им посакуваме среќа, бидејќи со ваков начин на работа со сигурност ќе го исполнат планираното.

Сподели

Можеби ќе ве интересира