Алушовски: Знаев дека ќе биде тешко, ни недостигаше Дисингер

РК Вардар 1961 одигра нерешено со Порто 25:25, во рамките на петтата рунда од ракометната Лига на шампиони.

Борко Ристовски на крајот немаше среќа да ја одбрани и клучната топка за да стигне Вардар до победа, но имаше огромни 18 интервенции а постигна и 4 погодоци. Слаб натпревар одигра Филип Талески со неколку клучни грешки и постигна само 1 гол од 4 обиди. Најефикасен беше Иван Чупиќ со 7 погодоци. Кај гостите, нашиот Никола Митревски забележа 11 одбрани, а прв на листата на стрелците беше одличниот пивот Итуриза со 7 од 8.

Честитам на тимот на Порто за добриот меч. И пред почетокот на самиот натпревар кажав дека ќе биде тешко, бидејќи знам како добро играат 7 на 6. Немавме среќа на самиот крај да се радуваме, Порто заслужено освои бод. Голем хендикеп беше неиграњето на Дисингер, а тие искусно и добро го затворија нашиот пивотмен. Имавме проблеми во нападот, одбраната беше добра, објасни Стевче Алушовски.

Можеме да бидеме радосни што мечот заврши со овој резултат и се надевам дека во следната рунда ќе покажеме подобра игра. Му честитам на тимот на Порто за фер-плеј играта и освоениот бод, рече Марко Вујин.

Сподели

Можеби ќе ве интересира