АНАЛИЗА: Барселона и Веспрем убедливи, изненадување во Германија

Денеска се одиграа три средби од машката ракометна Лига на шампиони, а дуелот помеѓу Вардар и Елверум беше одложен.

Како изненадување, можеме да го наведеме поразот на Кил од составот на Нант. Французите со високи 8 голови разлика, 27:35 го растурија германскиот тим на нивен терен. Одличниот и искусен шпанец, Валеро Ривера беше стрелец на 10 голови за Нант но остана и најефикасен на натпеварот. Голманот Емил Нилсен, беше од големо значење бидејќи имаше неколку клучни одбрани кога Кил беше во мал налет, за на крај да достигне до бројката од 12 одбранети удари и 30% успешност.
Германците не знаеја како со одбраната на Нант. Сандер Сагосен имаше мошне лош ден бидејќи шутираше 4/10. Пекелер и Магнус Ландин Јакобсен исто така постигнаа по 4 голови. Нашиот Кирил Лазаров имаше лош ден и оствари скор 2/7.

Во вториот натпревар, Веспрем забележа убедлива победа над ППД Загреб со 37:25. Унгарците уште пред крајот на првото полувреме се одлепија првин на 4, па на 6 голови разлика. Подоцна, се беше рутински одработено. Кога стигнаа до високи 11 голови предност, се беше формалност и се играше гол за гол. Најдобар беше Јахиа Омар Фати со 6/7 за Веспрем, а кај Загреб Матеј Хрстиќ постигна ист број на голови но проследени со 3 промашувања. Ашанин и Јандриќ беа прилично лоши на голот на Загреб со 7, односно 19% успешност на одбранети удари. Кај Веспрем, Цупара имаше 7/32 спречени погодоци. Вуко Борозан беше без грешка со својот “топ“ во раката и шутираше 4/4.

Последната средба помеѓу Барселона и Цеље личеше на ревијален натпревар, но тоа е и реалноста. Крајниот резултат беше 42:28, односно две полувремиња по 21:14 идентичен резултат. Се играше брзо и темпото го диктираше шпанскиот мега силен состав на Барселона. Блаж Јанц и Домен Новак со 7/9 беа лидери во своите состави. Гомез Абељо и Каспер Улрих Мортенсен вечерва прецизно шутираа со 6/6 односно 5/5 погодоци.

Третото коло е следната недела, а како дерби дуел можеме да го посочиме натпреварот на Нант и Барселона.

Сподели

Можеби ќе ве интересира