Бабиќ: Играчите се смрзнуваа во салата, условите се ненормални!

Откако Еурофарм Пелистер го совлада составот на Металопластика со 30:26 во рамките на регионалната СЕХА Газпром Лига во Битола, тренерите на двете екипи се пожалија на условите во спортската сала „Боро Чурлевски“ и посочија дека се апсолутно неприфатливи.

Најпрвин на прес конференцијата, Жељко Бабиќ се пожали на ниската температура, а потоа неговите зборови ги потврди и искусниот стратег на српска Металопластика, Веселин Вуковиќ.

Сакам да испратам една порака до битолчани. Тука нема услови за игра… Оваа температура во која тренираме и играме не е нормална, и тоа не му прилега на спортот во 21-ви век. Вие честопати посочувате дека го сакате ракометот, ама на мене како тренер не ми го докажавте тоа. Ниту на играчите, кои толку многу се смрзнуваат што не можат да ја држат топката, појасни Бабиќ

Апсолутно се сложувам со мојот колега. Вчера на тренинигот а и денеска на натпреварот беше многу тешко. Ги замолувам надлежните во Македонија да реагираат и да овозможат нормални услови за игра. Ќе има голем број на повреди… Клубот вложува пари и заслужува многу повеќе, рече Вуковиќ

Еурофарм Пелистер веќе денеска го игра следниот натпревар, сега во рамките на националното првенство. Во Битола од 19:00 часот гостува екипата на Бутел.

Сподели

Можеби ќе ве интересира