Бабиќ: Одбраната мора да биде цврста! Танкоски: Долго го анализиравме противникот

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска дебитира во Европската лига на ЕХФ, на гости против ГОГ Гудме од Данска. Натпреварот започнува во 18:45 часот, со директен пренос на МТВ 1 пет минути порано.

Тренерот на „зелените“ е јасен дека одбраната мора да биде на високо ниво доколку Еурофарм Пелистер сака да им создаде озбилни проблеми на домаќините.

Гудме е многу добра екипа, моментно е лидер во данското првенство, што доволно говори за квалитетите на овој состав. Најмногу го краси извонредното движење на топката, често играат „еден на еден“ и трчаат без престан 60 минути. Многу се опасни при транзицијата од одбрана во напад, она што ние треба да го сториме е да го контролираме нашиот посед на топка, да имаме трпение во офанзивата, да имаме дисциплинирани шутеви, со што потоа би имале време да се вратиме, да поставиме зона во одбраната и да го забавиме ритамот на мечот. Верувам дека во одбранбената зона ќе бидеме цврсти и на тој начин ќе им создадеме проблеми на Данците“, рече Бабиќ.

Клубот од Битола утринава го одработи тренингот, а во Данска отпатуваа во комплетен составот.
Во пресрет на натпреварот, Марио Танкоски посочи дека долгите подготовки за овој дуел можат да бидат од големо значење.

„Скоро еден месец го анализиравме ГОГ Гудме и тоа е наша предност, за разлика од нив кои немаа толку време да ја анализираат нашата игра. Од другата страна нивна предност е брзата игра, но мислам дека со тактиката која ја подготви Бабиќ во одбраната можеме да извојуваме победа.

Ниту една екипа не чекаше толку долго по рестартот на официјалните натпревари како тимот на Еурофарм Пелистер.

Сподели

Можеби ќе ве интересира