Брестовац: Очекувам судиите да не дозволат груба игра, инаку лесно ќе изгубиме!

Селекторот на Македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, посочи дека не е задоволен од критериумот на судење во натпреварот со Словенија.

Во пресрет на денешниот дуел со селекцијата на Русија, тој потенцираше:

Не сум задоволен од судиските одлуки на мечот со Словенија, посебно во играта со кружните напаѓачи. Судиите немаа ист критериум, и тоа е еден од клучните фактори кога создадоа голема позитива. Нашата игра се темели во тој сегмент, а истото се случи и со Шведска. Тие не’ гледаат како млада екипа… Самите играчи се свесни дека Русите и Белорусите „ќе не тепаат“, мораме да прифатиме дека се физички посилни од нас. Клучно е каков критериум ќе постават судиите. Ако дозволат груба игра која нема да се санкционира, лесно ќе изгубиме и денеска, кажа Брестовац.

Денешниот натпревар помеѓу Русија и Македонија, кој започнува од 15:30 часот, ќе го судат сестрите Бонавентура, од Франција.

Сподели

Можеби ќе ве интересира