Брестовац повеќе не е тренер на ракометната репрезентација на Македонија!

Ракометната федерација на Македонија објави соопштение во кое се наведува дека досегашниот тренер не селекцијата, Данило Брестовац, повеќе не е дел од стручниот штаб на тимот.

Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.

Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 до јануари 2021 година.

Сподели

Можеби ќе ве интересира