Бутел го совлада Еурофарм Пелистер 2, тимот на Металург оди во карантин

Денеска требаше да се одиграат три средби од Група Б во машката ракометна Суперлига, но натпреварот на Металург и Младост се одложи бидејќи скопскиот тим на Кастратовиќ заминува во карантин.

Поради нов позитивен случај, целиот тим оди во двонеделен карантин. Утрово еден ракометар покажал симптоми на вирусот и тој веднаш бил испратен на испитување. Резултатот од тестот за жал бил позитивен, што го стави целиот Металург во карантин. Резултатите пристигнале околу 19 часот па ја затекнале екипата на пат за Богданци, каде вечерва требаше да се одигра натпреварот.

Претседателката на тимот, Зорица Блажевска, појасни дека ќе бараат одложување на натпреварот со Висла во Европската лига.

Останатите два натпервари се одиграа во нормален тек. РК Бутел Скопје беше подобар од РК Еурофарм Пелистер 2 со 30:25, а ГРК Тиквеш и РК Прилеп ги поделија бодовите бидејќи мечот заврши 25:25.

Сподели

Можеби ќе ве интересира