Вардар со минимален пораз се враќа од Брест

РК Вардар 1961 своето патешествие во ракометната Лига на Шампиони, годинава го започна со минимален пораз од 22:24, против екипата на Мешков Брест во Белорусија.

До средината на првото полувреме резултатот беше изедначен, но пред крајот на периодот, Мешков Брест се одлепи на 2 разлика и на полувреме замина со предност од 12:10. Во вториот дел, темпото го диктираше нашиот тим и имаше водство 18:20, но не можеа да издржат со таква игра до самиот крај. Мешков го сврте резултатот со сигурни реализации и феномелната игра во одбраната, па со конечни 24:22 ги освои бодовите. Одличните Марко Паниќ и Микита Ваилупо постигнаа по 6 погодоци за домаќинот, а во Вардар тоа беа Марко Вујин со 6 и Кристијан Дисингер со 4. Мора да се напомене дека Борко Ристовски имаше 12 одбрани.

За осум дена, РК Вардар 1961 го пречекува тимот на Елверум, каде ќе се обиде да ги врати старите победнички ситуации во салата „Јане Сандански“.

Сподели

Можеби ќе ве интересира