Вардар СЦБТ немилосрден против Кузман, Кометал со нов пораз

Вчера на програмата беа скоро сите натпревари од 8-та рунда во женската ракометна Суперлига на Македонија. Се одиграа три средби, две беа одложени а слободна беше екипата на ЖРК Куманово. Рундата утре ќе ја комплетираат Гевгелија-Чаир во 20:00 часот.

Во првиот натпревар, ЖРК Вардар СЦБТ беше немилосрден и го декласираше ЖРК Кузман Вардар со огромни +40 разлика, односно 52:12. На полувреме, резултатот на семафорот беше 25:5. Со оваа победа, Вардар се изедначи на врвот со Куманово со максимален учинок од 7 победи. Половина час подоцна, во 15:30 започна дуелот помеѓу Стружанка и Овче Поле. Домаќинките очекувано беа подобри па до своите 10 освоени бодови стигнаа со 30:18. ЖРК Шампион е на 3 победи и 3 порази, а вчера му го нанеси и шестиот пораз на ЖРК Кометал Ѓ.П. со победа од 29:36.

Одложени средби беа Деспина-Металург и Спартак-Пелистер.

Следната рунда е планирано да се одигра на 23-ти октомври, а во неа ќе го имаме големото дерби помеѓу Вардар и Металург.

Сподели

Можеби ќе ве интересира