(ВИДЕО) Никола Митревски се покажа и како добар фудбалски голман

Голманот на македонската ракометна репрезентација и ракометниот клуб Порто, Никола Митревски, во денешната победа на својот клуб имаше феноменален настап. Порто го совлада Пик Сегед со 25:19 и ја оствари втората победа во четвртата рунда.

Никола Митревски имаше 15 одбрани на крајот од натпреварот, но една од нив се издвои како спектакуларен потег.

При резултат 19:14 за Порто, унгарскиот тим имаше напад без својот голман, па организираше фантастична акција и направи вишок, каде Жоан Кањељас се најде во ситуација подобра од пенал. Но, Митревски со уште подобра интервенција ги изненади сите и го спушти моралот на противникот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира