(ВИДЕО) РК Делчево-Вардар постигна погодок по истекот на времето

Денеска се одигра петтата рунда од Првата машка ракометна лига, а тимот на РК Делчево беше во центарот на вниманието бидејќи со удар од 9 метри по истекот на регуларните 30 минути стигнаа до нерешен резултат 34:34, против екипата на РК Партизан Спорт.

Во групата Б, високи победи запиша МРК Куманово (домаќин на овој мини-турнир) против тимот на Вардар-Неготино 35:26, а водечките РК Металург 2 и РК Скопје победија 35:19 против Текстилец, односно со 37:29 против Македонија Ѓ.П.

Во Група А, Аеродром е се уште лидер сега со 13 бодови поради денешната победа над РК Шампион со 41:27. ГРК Борец беше поуспешен од РК Риниа со 40:34, РК Преспа победи убедливо, 38:21, а во борба за втората позиција, РК Драчево ја победи РК Јехона со 40:31 и отиде на 1 бод позитива.

До крајот на првиот дел од првенството имаме уште две рунди, а следната е на 24-ти октомври. Домаќин во Група А ќе биде РК Аеродром, а групата Б ќе ја организира РК Партизан Спорт.

Во продолжение, можете да го видите голот на РК Делчево-Вардар за избегнување на пораз во дуелот со РК Партизан:

Сподели

Можеби ќе ве интересира