ВИДЕО: Сара Ристовска бележи одлични партии за тимот на ЦСКА Москва!

Македонската ракометарка Сара Ристовска, бележи одлични резултати во дресот на руската сила, ЖРК ЦСКА Москва.

На денешниот натпревар со тимот на Подравка, Ристовска постигна 4 погодоци, со максимален учинок и му помогна на тимот во својата 9 победа по 11 одиграни рунди за цврста втора позиција во групата Б. До крајот на првата фаза остануваат уште три рунди, па и посакуваме среќа и се надеваме дека нејзината екипа ќе успее да обезбеди директно учество во 1/4 финале.

Ристовска има постигнато вкупно 24 погодоци во Лигата на Шампионите оваа сезона. Во продолжение, можете да погледнете една молскавична соло-контра од денешниот дуел:

Сподели

Можеби ќе ве интересира