Во вечното дерби-подобар Металург, Куманово ја пречекува Деспина

Вчера, во дерби дуелот од 9-та рунда во женската ракометна Суперлига на Македонија, славеше составот на Металург со 28:21 над Вардар СЦБТ.

Во првиот дел од натпреварот резултатот беше неизвесен, а на одмор, ракометарките на Металург заминаа само со 1 погодок позитива, 12:11. Вардар покажа сигурна и цврста игра во текот на целиот натпревар, но нивниот отпор падна 10-тина минути пред крајот, па предноста се искачи на +7.

Најефикасна во домашниот тим беше Гугуљанова со 6 погодоци а веднаш зад неа со по 5 беа Тасевска и Божиновска. Кај вардарки, Трпевска постигна 6 погодоци.

Со оваа победа, женсиот тим на Металург Скопје останува на 3-та позиција со 18 освоени бодови но и еден натпревар помалку од Вардар, кој има освоено 21 бод од 8 одиграни средби. Лидер на табелата е ЖРК Куманово со 7 победи, а денеска ја пречекува екипата на Деспина со почеток во 15:00 часот.

Останати натпревари од 9-та рунда:

14:30 Шампион – Стружанка
17:00 Чаир – Спартак
19:30 Кузман Вардар – Кометал ЃП
19:30 Овче Поле – Гевгелија
Пелистер /

Сподели

Можеби ќе ве интересира