Втора рунда од ракометната Лига на шампиони

Откако првата рунда заврши со одложениот натпревар помеѓу Пик Сегед и ПСЖ, исто сценарио ќе имаме и во втората.

Денеска се играат четири дуели од втората рунда на ракометната Лига на шампиони. Во 18:45 часот имаме две средби. Во првата, Олборг го пречекува Мотор а во Полска, Виве Киелце ќе му овозможи на унгарски Сегед да ја почувствува убавината на ова натпреварување во новата сезона. Нивниот дуел од првата рунда со ПСЖ им беше одложен поради пандемијата и позитивните играчи со вирусот.
Нешто подоцна, во 20:45 часот, Порто е домаќин на Мешков Брест, а французите кои исто така се одморија минатата недела го пречекуваат германски Фленсбург.

Исто сценарио ќе биде поради одложениот натпревар на Вардар со Елверум, кој беше закажан за утре во вечерниот термин.

Сподели

Можеби ќе ве интересира