Второ коло од машката ракометна Супер Лига

Денеска во 18:00 часот, второто коло од машката Супер Лига ќе го отворат екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Работнички. Скопјани одат на мегдан во Битола, по поразот од Бутел Скопје во првото коло. Младиот тим на Еурофарм Пелистер исто така лошо ја започна сезоната, но со тесен пораз од тимот на Металург Скопје.

Во терминот од 18:30, Прилеп ќе ја пречека екипата на Металург Скопје, а Јуниор КВ на гости во Струга ќе бара поправен испит.
Во 19:00 часот имаме еден дуел, а силите ќе ги одмерат Радовиш и Голден Арт на Кирил Лазаров, поразени екипи во првото коло. Половина час подоцна, на терен во салата „Македонско Сонце“, ќе излезат составите на Тинекс Пролет од Скопје и Астраион од Струмица.
Второто коло ќе го затворат Бутел Скопје и Младост 1977 во 20:00 часот.

Слободни се екипите на Тиквеш и Охрид.

Сподели

Можеби ќе ве интересира