Германските ракометари го бојкотираат СП 2021!

Деновиве најактуелна тема во машкиот ракомет е во каков состав ќе замине германската репрезентација на Светското првенство 2021 година.

По пикерот на Кил, Патрик Винчек, од репрезентативниот повик на селекторот Алфред Гисласон, се откажаа и Хендрик Пекелер, Фин Лемке и Штефан Вајнхолд. Големи се шансите уште неколку играчи да го сторат истото, со големи најави за важните и искусните поединци.

Во Германија се зборува дека играчите не сакаат да патуваат и да бидат во изолација надвор од својата земја поради здравствени причини, но ракометарите се оправдаа со семејството во прв план.

Германија се наоѓа во група со Унгарија, Уругвај и Зеленортски Острови.

Сподели

Можеби ќе ве интересира