Голден Арт на Кирил Лазаров со Ковид-19 позитивни, Група А ставена во мирување

Дел од играчите на клубот Голден Арт КЛ7, приметиле дека имаат покачена температура, губење на вкус и мирис, па во тимот било спроведено комплетно тестирање на играчкиот кадар, стручниот штаб и целата логистика, па резултатите покажале 13 играчи и уште 3 лица со позитивен тест на Ковид-19. Исто така, по овие вести, нивниот противник во последното коло, Радовиш, спроведе две тестирања каде во второто има два позитивни случаи без симптоми.

Во соопштението на клубот стои:

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавност и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на македонската Суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај дел играчите се појавија симптоми карактеристични за вирусот Ковид-19. Ние како одговорна целина, спроведовме приватно тестирање на сите во клубот и за жал добивме позитивни резултати. За крај, апелираме до сите клубови и целокупната јавност да се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, со една единствена цел, спречување на понатамошно ширење на вирусот.

Тие потенцираат дека пред стартот на подготвоките на тимот пред оваа натпреварувачка сезона, нивниот клуб бил еден од ретките клубови кои направиле комплетно тестирање на играчкиот погон во првиот тим и младинските категории, како и на комплетниот стручен штаб и клубската логистика. Тогаш навремено биле откриени два случаи позитивни на Ковид-19 висрусот и истите биле изолирани и излечени.

РФМ донесе одлука, Групата А од Суперлигата да биде ставена во мирување во наредните 15 дена, а откако ќе измине овој период, повторно ќе биде извршен скрининг на сите екипи пред продолжението на сезоната.



Сподели

Можеби ќе ве интересира