Голема победа за Тиквеш против Металург, меч со скоро 80 погодоци!

Екипата на РК Тиквеш забележа голема победа над РК Металург Скопје со 40:38, иако на полувреме губеше со 19:20.

Самиот натпревар се одлучи неколку минути пред крајот, кога домашната екипа беше повеќе сконцентрирана и имаше поголема желба за победа. Одличен ден имаше голманот на Металург кој забележа 15 интервенции, но овој учинок на Ѓорѓески не му помогна на тимот да слави на гостувањето во Кавадарци.

По 9 погодоци имаа Смиљаниќ кај домаќините и Серафимов кај поразените гости.

Со оваа победа, Тиквеш има уште шанси за влез во плеј-оф разигрувањето. Потребна му е победа на Прилеп против Еурофарм Пелистер 2 и нормално, тие да го совладаат Работнички на гостински терен.

Во останатите две средби, денеска славеше и Прилеп во Скопје против Бутел (19:21), а Младост лесно се справи на домашен терен со Работнички (35:28).

Сподели

Можеби ќе ве интересира