Големо ракометно дерби во женската Суперлига

Денеска на програмата е големото ракометно дерби помеѓу ЖРК Металург Скопје и ЖРК Куманово. Натпреварот започнува во 16:30 часот во салата „Автокоманда“.

Ова ќе биде натпревар од седмата рунда, но Металург има одиграно еден дуел помалку од тимот на Куманово, кој е лидер на табелата со 18 бодови по 6 одиграни средби. Составот од Скопје е делба на втората позиција со ЖРК Вардар СЦБТ, кои имаат освоено по 15 бодови, односно максимален учинок.

Тимовите на Металург и Куманово се главни фаворити за освојување на титулата во новата сезона од ракометна Суперлига на Македонија.
Од стручните штабови на клубовите изјавија дека се свесни за квалитетот на противникот. Ќе дадат се од себе за да стигнат до победа и освојување на целиот „плен“.

Денеска се играат уште две средби. ЖРК Шампион го пречекува ЖРК Вардар СЦБТ во 15:30, а рундата ќе ја затворат Овче Поле и Кометал ЃП во 19:30 часот. Поради веќе познатите причини, одложени се натпреварите: Кузман Вардар – Деспина и Пелистер – Гевгелија.

Во рамките на седмата рунда, вчера беше поуспешен тимот на Чаир од составот Стружанка со 34:25.

Сподели

Можеби ќе ве интересира