Данило Брестовац го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, го објави списокот на повикани ракометари за собир на машката сениорска ракометна репрезентација за прeтстојната ЕХФ недела.

Оваа ЕХФ недела селекторот ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија, за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.

За време на подготовките, ќе се одиграат и два контролни натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.

Сподели

Можеби ќе ве интересира