Денеска две средби од домашниот ракомет, еден директен пренос

Денеска на програмата имаме две средби од 6-та рунда во машката ракометна Суперлига, а се во склоп на Група А.

Во 18:30 часот, РК Струга ќе го пречека тимот на РК Радовиш. За домаќините, ова ќе биде 5-ти натпревар а досега имаат биланс од 2 победи, 1 реми и 1 пораз за вкупни 7 бодови и втора позиција на табелата. Гостите се на дното со 1 победа и 2 изгубени дуели.

Втората пресметка е помеѓу РК Јуниор КВ и ГРК Охрид. Гостите се на максимален учинок, па се единствени лидери во групата А со 9 бодови. За домаќините, ова е 5-ти натпревар во кој ќе ја бараат втората победа. Директен пренос од оваа средба ќе врши МТВ 3 од 18:55 часот.

Одложен е планираниот натпревар на РК Астраион од Струмица и РК Голден Арт КЛ7.

Утре ќе започне и 7-та рунда, а ќе се одиграат средбите Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп и Тиквеш – Работнички. Мечот помеѓу Бутел Скопје и Металург е одложен.

Сподели

Можеби ќе ве интересира