Денеска започнува машката ракометна Супер Лига

Металург и втората екипа на Еурофарм Пелистeр денеска во 18:00 ја отвораат новата сезона од машката ракометна Супер Лига.

Регуларниот дел од оваа сезона ќе биде одигран така што се направени 2 групи по 7 тима. Секое коло ќе биде слободна по една екипа од двете групи, односно колото ќе биде одиграно со 6 натпревари.
Во првата А група се: Тинекс Пролет Скопје, Радовиш, Охрид, Струга, Астраион Струмица, составот на Кирил Лазаров, Голден Арт КЛ7 и Јуниор КВ. Втората Б група ја сочинуваат: Металург Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Младост 1977, Работнички, Прилеп и Бутел Скопје.

Останати двојки од првото коло се: Голден Арт КЛ7 – Охрид, Јуниор КВ – Тинекс Пролет Скопје, Работнички – Бутел Скопје од 19:00, Астраион Струмица – Радовиш и Младост 1977 – Тиквеш од 20:30.

Сподели

Можеби ќе ве интересира