ЕП: Хрватска против Франција – класик помеѓу Норвешка и Данска!

Европското ракометно првенство во женска конкуренција е пред самиот крај, откако денеска се комплетираше групната фаза и го добивме сите четири патници во полуфиналните дуели.

Со огромната победа на Хрватска над Германија, составот на Ненад Шоштариќ успеа да се пласира на завршниот турнир и да закаже дуел со великанот Франција. За Хрватска, ова е одличен турнир и големо изненадување приредија во спортската јавност – но, тоа е токму најпотребното во овие денови. Во вториот натпревар, силите ќе ги одмерат скандинавските ѕверки Норвешка и Данска и ќе приредат вистински класик. Данска мораше да ја совлада незгодната Русија а Франција рутински одигра и ја победи Шведска. Норвешка веќе имаше обезбеден полуфинален двобој пред почетокот на последната рунда поради одличните партии каде беа победници во сите пет натпревари.

Имаме мал одмор, па на 18-ти во 15:30 часот првин ја гледаме битката за 5-та позиција, каде играат Русија и Холандија. Подоцна, во 18:00 часот, стартуваме со првиот меч од 1/2 помеѓу Франција и Хрватска, а во 20:30, ја имаме средбата помеѓу Норвешка и Данска.

Сподели

Можеби ќе ве интересира