Еурофарм Пелистер ги претстави новите дресови пред утрешниот меч

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер на вчерашниот тренинг ги промовираше трите гарнитури на дресови за сезоната 2020/21.

Пред првиот домашен натпревар, со клупските дресови позираа капитенот Градимир Чаневски, Стипе Мандалиниќ и Марио Танкоски. Еурофарм Пелистер сезонава ќе игра во зелено-бела, сино-бела и бело-сина гарнитура во Лига Европа, СЕХА Гаспром лигата и Суперлигата.

„Добро се чувствуваме во двете комбинации и двете бои на нашите дресови. Сино-белата боја е традиционална, до 90-тите, а зелено-белата е боја на новото време. Навивачите многу ни недостигаат, вака изгледа како да играме на тренинг. Кога ќе се дозволат навивачи, нашата сала ќе биде обоена во зелено-бела боја“, изјави Марио Танкоски

Тимот од Битола утре во салата „Боро Чурлевски“ од 18:45 часот го пречекува Кадетен како дуел од 3-та рунда во Европската лига на ЕХФ. Швајцарскиот тим беше успешен во првиот настап против ГОГ, а Еурофарм Пелистер загуби од истиот противник на гости со 29:30. Директен пренос од средбата ќе има на МТВ 1.

Сподели

Можеби ќе ве интересира