Еурофарм Пелистер дебитираше со минимален пораз

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа минимален пораз на гостувањето во Данска против ГОГ Гудме со 30:29, во рамките на првиот меч од Европската Лига на ЕХФ.

Иако составот на Жељко Бабиќ беше подобар во второто полувреме, ги загуби силите во последните 3 минути и ја испушти предноста. Со избрзан шут во последниот напад и неколку дискутабилни одлуки на судиите, Еурофарм Пелистер се враќа во Македонија без освоен бод во дебитантскиот настап во Европа.

Најефикасен во нашиот состав беше најискусниот и најдобар поединец, Стипе Мандалиниќ со 11 погодоци од 15 обиди. Томислав Кушан постигна 8, а Благојче Трајковски имаше 11 интервенции од 31 шут. Без обдрана и со 10 примени погодоци одигра капитенот Градимир Чаневски. Кај домаќините, Емил Јакобсен постигна 9.

РК Еурофарм Пелистер следната средба е планирано да ја одигра на 17-ти ноември во Битола против Кадетен Шафхаузен.

Сподели

Можеби ќе ве интересира