Еурофарм Пелистер со комплетен состав ќе патува за Данска!

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола, во комплетен состав ќе патува за Данска, каде во вторник треба да ја одигра својата прва средба од Европската Лига на ЕХФ, против тимот на ГОГ.

На вчерашното тестирање, сите Ковид-19 тестови на ракометарите на Еурофарм Пелистер биле негативни, па тимот во комплетен состав ќе замине на гостувањето.

Ова е дебитантски настап на екипата на Жељко Бабиќ, откако првата рунда против Татабања беше одложена поради недоволен број на подготвени ракометари во унгарскиот тим.

Сподели

Можеби ќе ве интересира