Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш ги положија поправните испити

Откако стартуваа со порази во првото коло, екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш, остварија победи во второто коло. Битолскиот втор тим, на домашен терен го совлада Работнички со сигурни 35:23, а Радовиш беше подобар од Голден Арт КЛ7 со 33:29.

Тимот на Прилеп првенството го стартуваше со пораз, откако беше слободен во првото коло минатата недела. Тие изгубија на домашен терен од реално посилната екипа на Металург Скопје со 21:28. Вториот состав што беше слободен во првото коло, вчера започна со победа. Струга со 22:20 и голем пресврт во второто полувреме, беше поуспешна од Јуниор КВ.
Тимовите на Тинекс Пролет Скопје и Бутел Скопје забележаа втори сигурни победи, победувајќи го Астраион Струмица со 32:24 односно Младост 1977 со 32:23.

Денеска во 19:00 натпревар од 6-то коло ќе одиграат екипите на Металург Скопје и Тиквеш.

Сподели

Можеби ќе ве интересира