Еурофарм Пелистер 2 со сигурна победа над Младост

Откако натпреварите од Група А беа ставени во мирување поради појавата на вирусот Ковид-19 во две екипи, вчера се одиграа само дуелите од Група Б, каде сите фаворити ја оправдаа улогата.

Вториот состав на Еурофарм Пелистер забележа сигурна победа од 22:30, на гостувањето во Богданци.
Битолчани првиот дел го добија со 9:16, а во вториот одиграа нешто поопуштено, но сепак беа поуспешни со 13:14.

Тимот на Бутел Скопје беше пречекан од составот на Тиквеш, кој досега е на учинок 0/3. Скопјани губеа во првиот дел со 12:9, но подоцна квалитетот се покажа како најважен фактор, па со пресврт и сигурна игра во одбраната второто полувреме го добија со 10:16, за конечна победа од 22:25 на гостувањето во Кавадарци.

Слободнната екипа од второто коло, Прилеп, оствари победа во Скопје против Работнички. Натпревар со голем број на постигнати голови но константно контролиран од страна на прилепчани. Тие имаа предност од два во првото и три голови во второто полувреме, за завршни 29:34.

Сподели

Можеби ќе ве интересира