ЕХФ го одложи дуелот на Пик Сегед и ПСЖ

ЕХФ објави дека натпреварот помеѓу Пик Сегед и ПСЖ е одложен.

Додека сите други мечеви се на програмата, Европската ракометна федерација го одложи денешниот дуел на Пик Сегед и ПСЖ, откако еден играч на унгарскиот тим бил позитивен на Ковид-19.

Клубот ја известил федерацијата дека тимот мора да оди во карантин поради протоколите од националната здравствена организација во Унгарија.

Условите не дозволуваат мечот да се одигра денеска со почеток во 18:45 часот, па ЕХФ во наредните денови ќе одреди нов термин за одржување, во договор со двата тима.

Сподели

Можеби ќе ве интересира