ЖЕНСКИ РАКОМЕТ: Куманово со Пелистер, дерби во Скопје

Денеска на програмата се сите 6 дуели од Првата женска ракометна Суперлига. Слободна е екипата на ЖРК Шампион, а од минатото коло, Кометал ЃП го игра првиот меч во сезоната, дома против Стружанка.

ЖРК Куманово на свој терен ја пречекува екипата на ЖРК Пелистер, која убедливо со 18 голови разлика загуби во првото коло.

Во Скопје пак, имаме дерби натпревар од екипите на Металург и Чаир, кои ги оправдаа фаворитските улоги во првиот натпревар, совладувајќи го Пелистер, односно Кузман Вардар.

Дербито започнува во 16:30 часот, а дуелот во Куманово е од 18:00 часот со директен лајв стрим кој ќе биде објавен Фејсбук фан страната на домаќините.

Останати натпревари се:

Вардар СЦБТ – Гевгелија
Кузман Вардар – Овче Поле
Деспина – Спартак

Сподели

Можеби ќе ве интересира