ЖРК Куманово ја освои лигата без пораз во првиот дел од сезоната

Женскиот ракометен клуб Куманово без пораз го освои есенскиот дел од Првата ракометна лига на Македонија.

Со денешната победа на гостински терен кај Стружанка со 25:34, ЖРК Куманово остана на првата позиција со 34 бодови, односно 11 победи и 1 реми во првиот дел од сезоната. Тимот во сите 11 натпревари лесно ги реши сите противници, а најтешко беше во Скопје против Вардар СЦБТ кога ремизираа и одиграа 28:28.

Зад нив, Чаир е со 30 бодови, Вардар со 28, а Металург во својот последен настап за оваа година ќе се обиде да освои уште 3 бодови на досегашните 27 во дуелот со Деспина.

Сподели

Можеби ќе ве интересира